• среда, 18 декември 2024

Македонскиот и српскиот сојуз на пензионери потпишаа меморандум за соработка во Белград

Македонскиот и српскиот сојуз на пензионери потпишаа меморандум за соработка во Белград

Белград, 15 ноември 2024 (МИА) - Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија и Сојузот на пензионертие на Србија денеска во Белград потпишаа меморандум за соработка за размена на искуства во однос на материјалниот статус на пензионерите, меѓу кои е заштита на пензионото право, усогласувањето на пензиите и нивната редовна исплата, јави дописникот на МИА од Белград.

-Многу значајно прашање што е предмет на овој меморандум, кој преставува потврдување на досегашните активности на двата сојуза на пензионери, се мерките во рамки на пензискиот систем и унапредување на активностите надвор од пензискиот систем во доменот на здравството и социјалното осигурување, спортските и културните активности, икклузивните активности на корисниците на пензија во општеството оти тие со пензионирањето не се пензионираа и од општеството, туку избираа иднина и живот, изјави Станка Трајкова, претседател на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија.

На средбата делегациите на пензиските сојузи на двете држави имаа богата размена на искуства и посочување на законските можности за унапредување на положбата на пензионерите.

-Потпишувањето на меморандум за соработка меѓу двете национални пензионерски организации од Србија и Македонија е во духот на политичките односи кои во последните години се во нагорна линија. Ние денес со ова потпишување ја верификувавме досегашната соработка на нашите пензиски организации и го издигнавме на национално и меѓудржавно ниво со што практично содадовме формално правни претпоставки соработката да ја издигнеме уште повеќе, изјави проф.д-р Андреја Савиќ, претседател на Сојузот на пензионери на Србија.

На средбата на сојузите на пензионери на двете држави истакната е потребата од почести средби се во функција на унапредувањето на положбата на пензионерите.об/бт/

Фото: МИА

Остани поврзан