• понеделник, 23 декември 2024

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години поразена од Албанија

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години поразена од Албанија
Елбасан, 15 септември 2022 (МИА) - Македонската репрезентација составена од фудбалери до 17 години загуби од  соодветната селекција на Албанија со 2:0 на вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции во Елбасан. Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ може да жалат за неколкуте прилики што не успеаја да ги претворат во гол на денешниот натпревар. Станојковиќ на овој дуел излезе со следниов состав: Фљакрон Мемиши, Андреј Велков, Андреј Љубевски, Никола Стојковски, Алмир Подграѓа, Мухамед Елмас, Мартин Јовановиќ, Алтин Алији, Никола Манојлов, Нуман Ајетовиќ, Амар Хаџибулиќ; Противникот успеа да искористи неколку наши грешки во нашата одбраната и да слави победа. Првиот контролен дуел помеѓу овие две селекции што се одигра на стадионот на ФК Караорман во Струга, заврши без победник 3:3. зс/

Остани поврзан