• сабота, 23 ноември 2024

Македонската писателка Јулијана Величковска на уметничко биенале во Турција

Македонската писателка Јулијана Величковска на уметничко биенале во Турција

Скопје, 23 август 2024 (МИА) - Македонската писателка Јулијана Величковска од 24 до 26 август ќе настапи во поетскиот дел на уметничкото биенале „Комагене“ што се одржува во регионот Адијаман во Турција.

Величковска ќе чита на изгрејсонце на историската планина Немрут којашто е под заштита на УНЕСКО, а е позната по огромните статуи што датираат од I век пр.н.е.

На биеналето ќе се претстават 54 уметници од 28 земји. ир/лв/

 

Фото: МИА

Остани поврзан