• четврток, 19 декември 2024

Македонската амбасадорка во Бугарија му ги предаде акредитивните писма на Радев

Македонската амбасадорка во Бугарија му ги предаде акредитивните писма на Радев
Софија, 10 октомври 2022 (МИА) - Новоименуваната амбасадорка на земјава во Бугарија, Агнеса Руси-Поповска денеска ги предаде акредитивните писма на бугарскиот претседател, Румен Радев, јави дописникот на МИА од Софија. Руси-Поповска е првата жена амбасадор на земјава во Софија, од 12 јануари 1992 година, пред 30 години, кога Бугарија ја призна независноста на тогашната Република Македонија, од Владата на Филип Димитров и беа воспоставени дипломатски односи. Северна Македонија две години немаше амбасадор во Бугарија, откако пролетта 2020 година истече мандатот на последниот амбасадор, Маријан Ѓорчев и тој се врати во Скопје. На иста церемонија со Руси-Поповска, Радев ги прими и акредитивните писма и на амбасадорите на Австрија, Ватикан, Кувајт, Либија, Литванија и Словенија во Софија. нк/ки/

Остани поврзан