• вторник, 05 ноември 2024

„Македонската азбука“ на Сергеј Андреевски отпатува во Белград

„Македонската азбука“ на Сергеј Андреевски отпатува во Белград
Скопје, 23 мај 2022 (МИА) - Ликовната поставка „Македонската азбука“ на македонскиот сликар Сергеј Андреевски ќе биде отворена утре, на Денот на Светите браќа Кирил и Методиј, во Конакот на кнегињата Љубица. Изложбата ќе биде отворена до 29 мај годинава. Таа е дел од традиционалната манифестација „Денови на македонската култура – Допир на Македонија“ што по 11-ти пат ја организира Здружението на Македонците во Белград – Македониум. Овој циклусот слики на платно на Андреевски, каде секоја буква има своја приказна, свој свет, беше првпат изложен минатата година во излозите на Широк Сокак во Битола. Тоа беше поддршка од уметникот кон славењето на името и делото на научникот, творецот и создателот на македонското современо писмо - Блаже Конески, во годината кога се одбележуваа 100 години од неговото раѓање. Според уметникот, целта и тогаш, а и сега е исто така актуелна: да се разбуди јавноста за значењето на македонската кирилична азбука и нашиот јазик, особено во време-невреме, кога секојдневно е оспоруван. Изложбата ќе ја отвори скулпторот Синиша Новески. мд/сст/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан