• петок, 29 март 2024

Маж пронајден починат во неговиот дом во Аеродром

Маж пронајден починат во неговиот дом во Аеродром

Скопје, 24 мај 2023 (МИА) - Во стан на подрачјето на Аеродром, во Скопје, синоќа бил пронајден починат З.Ц.(62).

Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен во 00.19 часот во СВР Скопје.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција. вг/лв/

Остани поврзан