• четврток, 21 ноември 2024

Лукашенко ја повика Србија да каже каков однос сака со Белорусија

Лукашенко ја повика Србија да каже каков однос сака со Белорусија

Белград, 20 ноември 2023 (МИА) - Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска ја повика Србија да одлучи дали сака да соработува со Минск, јави дописникот на МИА од Белград.

Лукашенко денеска именуваше нови амбасадори во Кина, Зимбабве, Јужна Африка, Србија, Северна Македонија и Индонезија, како и генерален конзул во Мумбај и одржа средба со нив.

За амбасадор на Белорусија во Република Србија, а воедно и во Република Северна Македонија, беше именуван Сергеј Малиновски, кој претходно беше началник на Главниот сектор за информатичко-аналитички работи на Министерството за надворешни работи.

- Потребно е да се разбере политиката што Србија ја води и сака да ја води во однос на Белорусија. Ако сакаат, тогаш мора да има резултати во трговските и економските односи. Ако сакаат да мавтаат со опашката, грубо кажано, и да ги поддржат европските и американските санкции против Белорусија, тоа е нивна работа, нека дефинираат и нека поддржат ако го заборавиле доброто со кое отидовме кај нив, рече Лукашенко. об/ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан