• петок, 22 ноември 2024

Лукашенко: Белорусија осуети странски заговор

Лукашенко: Белорусија осуети странски заговор
Минск, 19 јуни 2020 (МИА) - Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека е осуетен странски заговор со цел дестабилизирање на државата во пресрет на претседателските избори закажани за 9 август, еден ден откако апсењето на неговиот главен политички ривал предизвика протести во земјата. - Постоел голем план да се поттикне револуција слична на уличните протести на Мајдан во Украина во 2014 година, истакна Лукашенко. Тој нагласи дека политичките сили и од Запад и од Исток ги фокусирале своите интереси на Белорусија, а одредени сили ги интензивирале своите напори. - Тоа беше целта. Маските им паднаа не само на домашните марионети, туку и на оние кои се надвор од Белорусија, додаде белорускиот претседател. Виктор Барабико, главниот политички противник на Лукашенко, вчера беше уапсен и обвинет за извлекување над 380 милиони долари од земјата. гт/

Остани поврзан