• среда, 03 јули 2024

Луис Дијаз еден од кандидатите за замена на Мбапе

Луис Дијаз еден од кандидатите за замена на Мбапе

Париз, 13 март 2024 (МИА) - Пари Сен Жермен е заинтересиран за крилниот напаѓач Луис Дијаз од Ливерпул, пишува весникот „Ел Паис“. 27-годишниот Колумбиец е еден од кандидатите да го замени Килијан Мбапе, кој најверојатно на лето ќе го напушти францускиот шампион и ќе се пресели во Реал Мадрид.

Дијаз игра за Ливерпул од јануари 2022 година. Оваа сезона има 38 настапи за „црвените“ во сите натпреварувања, постигнувајќи 11 голови и 5 асистенции.

Сериозен интерес за Луис Дијаз, кој е поранешен играч на Порто, покажува и Барселона.

Сепак, двата клуба тешко би го убедиле Ливерпул да се раздели со Колумбиецот. Се појави информација дека од „Енфилд“ ќе го продадат Дијаз само доколку за него добијат околу 100 милиони евра. дс

Фото: Архива

Остани поврзан