• понеделник, 23 декември 2024

Лос Анџелес бесплатно ќе ги тестира своите жители за Ковид-19

Лос Анџелес бесплатно ќе ги тестира своите жители за Ковид-19
Лос Анџелес, 30 април 2020 (МИА) - Властите на Лос Анџелес, Калифорнија, почнуваат со бесплатно тестирање на сите жители на градот за новиот коронавирус, без разлика дали имаат симптоми на зараза или не, напиша на Твитер градоначалникот Ерик Гарсети. Лос Анџелес е првиот голем град во САД кој покрена таква иницијатива. Приоритет ќе имаат граѓаните со симптоми, но можат да се тестираат и сите останати. Услугата не е задолжителна за луѓето кои се чувствуваат здрави, не излегувале од дома и не контактирале заразени лица. - Градската управа одлучи да ги тестира луѓето бесплатно, бидејќи во квартовите со сиромашни семејства смртноста од Ковид-19 е четири пати повисока отколку просечната бројка во земјата, додаде Гарсети. Според локалните власти, во градот со население од 3,9 милиони лица, можат дневно да се тестираат околу 18.000 луѓе. Во Лос Анџелес се регистрирани речиси 21.000 заразени случаи со новиот коронавирус, а повеќе од илјада се починати. гт/

Остани поврзан