• петок, 22 ноември 2024

Лопетеги ја посвети победата на Пуерта и Рејес

Лопетеги ја посвети победата на Пуерта и Рејес
Келн, 22 август 2020 (МИА) - Тренерот на Севиља, Хулен Лопетеги беше многу возбуден по победата над Интер (3:2) во финалето на Лигата на Европа. Ова е рекорден шести трофеј за Андалузијците на турнирот. - Овој тим е одличен. Поради својата филозофија, заради начинот на кој работи. Дури и да не го освоивме пехарот, играчите ќе беа исто толку одлични. За среќа, успеавме да победиме. Верувавме едни во други и покрај сите тешкотии и покрај трите пенали во последните три натпревари. Како што се наведува во нашата химна, Севиља никогаш не се откажува. Натпреварот беше многу тежок, но ние освоивме вредна награда. Се надевам дека нашите навивачи се среќни и го слават успехот. Оваа победа е за нив, за сите оние кои ја сакаат Севиља, и во спомен на Антонио Пуерта и Хозе Антонио Рејес, изјави Лопетеги.

Остани поврзан