• петок, 22 ноември 2024

Лондон предупреди дека ескалација на Блискиот Исток „не е во ничиј интерес“

Лондон предупреди дека ескалација на Блискиот Исток „не е во ничиј интерес“

Лондон, 26 октомври 2024 (МИА) – Владата на Велика Британија соопшти дека „внимателно“ ја следи ситуацијата на Блискиот Исток откако Израел изврши серија воздушни напади насочени кон воени локации во Иран.

- Внимателно ја следиме ситуацијата, изјави утрово владиниот портпарол.

Тој додаде дека владата го поддржува „правото на Израел на самоодбрана и да се заштити“, се додека се придржува до „меѓународното хуманитарно право“.

- Понатамошна ескалација не е во ничиј интерес, се вели во соопштението, пренесе ДПА.

Израел утрово изврши воздушни напади во кои, како што соопшти ИДФ, „се погодени производствени капацитети за ракети што Иран ги истрела кон државата Израел во текот на минатата година“.

Иран соопшти дека цел на воздушните напади биле воени бази во провинциите Илам, Кузестан и Техеран.

Во соопштението се додава дека воздушните напади предизвикале „ограничена штета“. јт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан