• понеделник, 23 декември 2024

Локомотива со четири перформанси во рамките на 47-то издание на МОТ

Локомотива со четири перформанси во рамките на 47-то издание на МОТ
Скопје, 16 ноември 2022 (МИА) - Во рамки на 47-то издание на МОТ, Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата - Локомотива, ќе претстави четири перформанси како дел од заедничката соработка со МОТ и Младински Културен Центар Скопје. Во салата „25 Мај” во МКЦ, вечерва со почеток во 20 часот, премиерно ќе биде изведен танцовиот перформанс „Ми треба ново тело“. Концептот и кореографијата на „Ми треба ново тело“ се на Викторија Илиоска во разговор со Настја Ѕубан и Лаура Стелачи, а изведувачки се Викторија Илиоска и Настја Ѕубан. - Перформансот е копродукција помеѓу Локомотива, Life Long Burning (LLB), Номад Танц Академија Словенија и Викторија Илиоска. Проектот е поддржан од: Министерство за култура на Северна Македонија и Креативна Европа (во рамки на проектот Life Long Burning), информираат од ЦНИУК Локомотива. Додека во горното фоаје на Кино Фросина утре со почеток во 12 часот ќе има и разговор со уметницата Викторија Илиоска наречен „Дијалог кој недостасува“, кој ќе се реализара во соработка со фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско 10“, а во 19 часот во салата „25 Мај”, публиката ќе има можност да го проследи перформансот „Sad Sam Almost 6” на Матија Ферлин, хрватско-словенечка ко-продукција. На 18 ноември ќе бидат прикажани два перформанси: „Појавување на изведбата” на Номад танцовата академија од Хрватска, којa на програмата на МОТ е во 20.00 часот во салата „25 Мај”, а веднаш потоа, од 21.00 часот во Гaлеријата на МКЦ, Игор Коруга од Србија ќе го изведе својот соло перформанс „Блискоста на допирот”. сх/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан