• понеделник, 23 декември 2024

Лога достави иницијативи до Уставен суд за прописи за кои не е почитуван уставниот рок за објавување во Службен весник

Лога достави иницијативи до Уставен суд за прописи за кои не е почитуван уставниот рок за објавување во Службен весник

Скопје, 12 јули 2023 (МИА) - Министерот за правда Кренар Лога денеска до Уставниот суд достави 10 иницијативи во име на Министерството за правда и 10 во свое лично име како граѓанин за поведување постапки за оценување на уставноста на прописи објавени во Службен весник спротивно на членот 52 од Уставот.

Целта е, како што информира Министерството, да се гарантира уставноста и законитоста на прописите во државата и за сите да важат уставните рокови за објавување во Службен весник.

-На потег се почитуваните судии од Уставен суд од кои очекуваме да се произјаснат за иницијативите со истата ефикасност, брзина и експедитивност како што постапија за Упатството за матичните книги на минатата отворена седница, се наведува во соопштението.

Во Иницијативите е наведено дека во изминатиот период воочена е објава на повеќе прописи за кои постои уставна обврска за објава во Службен весник, кои се објавени во спротивност со членот 52, односно не е почитуван уставниот рок од седум дена за објавување на прописите.

Од Уставниот суд исто така се бара по службена должност да ја испита уставноста на прописите за кои не е почитуван уставниот рок од седум дена за нивно објавување. мч/дма/

Фото:Министерство за правда

Остани поврзан