• понеделник, 16 септември 2024

Ловрен потпиша за грчки ПАОК

Ловрен потпиша за грчки ПАОК


Солун, 16 септември 2024 (МИА) – Хрватскиот ветеран Дејан Ловрен е нов фудбалер на грчкиот шампион ПАОК.
Ловрен се пресели во солунскиот клуб без обесштетување, откако постигна договор со француски Олимпик Лион за предвремен раскин на соработката.
Претходно во кариерата, 35-годишниот Ловрен настапуваше Ливерпул, Саутемптон, Динамо Загреб, Интер Запрешиќ и Зенит од Санкт Петербург.
За хрватската репрезентација Ловрен одигра 78 натпревари и постигна пет голови. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан