• петок, 05 декември 2025

Лишен од слобода полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност

Лишен од слобода полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност

Скопје, 1 мај 2025 (МИА) - Вчера во 10.28 часот во СВР Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.Б.(52), полициски службеник, кој се сомничи дека сторил кривично дело „предизвикување опшгта опасност“ по чл. 288 од КЗ. На 30.04.2025 во службена просторија на СВР Струмица во која биле присутни и други полициски службеници, при проверка на службен пиштол кој требало да го раздолжи, А.Б. испукал еден куршум со пиштолот. 

Како што соопшти денеска МВР, за настанот биле запознаени началникот на СВР Струмица, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР и  јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран и сериозен криминал Скопје. По документирање на случајот, против А.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава. дма/

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан