Лишен од слобода кумановец, управувал мопед под дејство на алкохол
- Како што информира МВР, при контрола на патниот сообраќај, полицајците сопреле мопед „кимко“ и на возачот, кој бил под дејство на алкохол, му биле измерени 1,73 промили алкохол во крвта.

Скопје, 9 април 2025 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово ноќеска во 3.30 часот го лишиле од слобода И.П.(44) од кумановското село Биљановце.
Како што информира МВР, при контрола на патниот сообраќај, полицајците сопреле мопед „кимко“ и на возачот, кој бил под дејство на алкохол, му биле измерени 1,73 промили алкохол во крвта.
-По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи. хс/са/
Фото: МИА архива