• недела, 22 декември 2024

Лишен од слобода крадец во Тетово

Лишен од слобода крадец во Тетово

Скопје, 3 декември 2024 (МИА) - Четириесет и четири годишен тетовец вчера бил лишен од слобода поради кражба на автомобил на шеесет и две годишен жител на Џепчиште.

МВР информира дека вчера, во 13.30 часот, на улица „Ван Вардарска“ во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода тетовецот Е.М.(44).

- Кај него било пронајдено патничко возило „опел зафира“ со тетовски регистарски таблички, сопственост на Х.М.(62) од с.Џепчиште, којшто истиот ден околу 09.00 часот пријавил дека му било одземено од дворот на неговиот семеен дом, известуваат од полицијата.

 Одземеното возило било вратено на сопственикот, додека лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок. ир/са/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан