• сабота, 06 декември 2025

Лишен од слобода крадец во Струга за издржување казна затвор од две години и девет месеци

Лишен од слобода крадец во Струга за издржување казна затвор од две години и девет месеци

Скопје, 9 мај 2025 (МИА) - Во Струга синоќа во 21.00 часот на улица „Маршал Тито“ полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Е.М.(48) од Радовиш.

Како што денеска соопштија од МВР, тој бил баран по централна потерница врз основа на наредби од Основен суд Тетово за издржување казна затвор од две години и од Основен суд Радовиш за издржување затворска казна од девет месеци за сторени кривични дела кражби и тешки кражби.

Е.М. бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната. цр/лв/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан