• вторник, 29 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Лишен од слобода грчки државјанин поради давање поткуп

Лишен од слобода грчки државјанин поради давање поткуп

Скопје, 9 април 2025 (МИА) - На Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници вчера во 10.05 часот го лишиле од слобода С.П.П.(40) од Република Грција, осомничен за сторено кривично дело „давање поткуп“.

-При гранична контрола, тој на увид дал документи за патничко возило „форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал и во зелениот картон ставил банкнота од пет евра, соопшти Министерството за внатрешни работи. 

МВР посочува дека по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. хс/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан