• петок, 05 декември 2025

Приведен возач од гостиварско затоа што возел со брзина од 114 км на час на место каде е дозволено 50 км на час

Приведен возач од гостиварско затоа што возел со брзина од 114 км на час на место каде е дозволено 50 км на час

Скопје, 14 јули 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 44-годишен возач од гостиварско Боговиње, бидејќи при контрола на патниот сособраќај вчера во 18:05 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на кичевското село Другово, возел со брзина од 114 км на час на место каде е дозволено 50 км на час.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување моторно возило“.

-На 13.07.2025 во 18.05 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на кичевското село Другово, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Ќ.Т.(44) од гостиварското село Боговиње. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека тој во населено место управувал патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 114 километри на час, каде со сообраќаен знак е дозволено 50 километри на час, се вели во соопштението од МВР. аа/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан