• петок, 05 декември 2025

Приведен виничанец, возел со нерегистрирано возило под дејство на алкохол, без возачка дозвола и со брзина поголема од дозволеното

Приведен виничанец, возел со нерегистрирано возило под дејство на алкохол, без возачка дозвола и со брзина поголема од дозволеното

Скопје, 30 јуни 2025 (МИА) - Вчера во 13:30 часот на регионалниот пат Виница-Берово полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Виница го лишиле од слобода М.А.(55) од Виница, возел со нерегистрирано возило под дејство на алкохол, без возачка дозвола со брзина поголема од дозволеното.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи при контрола на патниот сообраќај е констатирано дека управувал патничко возило со брзина од 74 километри на час на место каде што дозволената брзина е 50 километри на час.  

По преземени мерки и извршена контрола, исто така било констатирано дека не поседува возачка дозвола и е под дејство на алкохол, односно дека има 1,53 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и по наредба на јавен обвинител, задржан во Полициска станица Виница. При контролата е утврдено и дека сообраќајната дозвола на возилото што го управувал е со измината важност повеќе од шест месеци и поради тоа му е одземено. При тоа М.А. агресивно се однесувал кон полициските службеници. Против М.А. ќе биде поднесена кривична пријава по член  297а и 383 од Кривичниот законик.свс/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан