• среда, 23 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Лишени од слобода четворица млади во Кавадаречко, им била одземена бела грутчеста материја 

Лишени од слобода четворица млади во Кавадаречко, им била одземена бела грутчеста материја 

Кавадарци, 29 март 2025 (МИА) - Четворица млади биле лишени од слобода синоќа во Кавадарци и им била одземена бела грутчеста материја, информираа денеска од  Секторот за внатрешни работи Велес. 

-Синоќа во 22:30 часот во село Ваташа, Кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Г.С.(25) од село Војшанци, Неготинско, С.П.(22) од село Тремник, Неготинско, М.Б.(25) од Неготино и 20-годишната Н.Т. од Кавадарци, затоа што при преглед кај нив, кај Г.С. била пронајдена и одземена бела грутчеста материја, соопштија од СВР Велес. 

Оттаму додадоа дека Г.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, ќе била поднесена соодветна пријава. свд/мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан