• петок, 05 декември 2025

Лишени од слобода возачи во Кичево, Куманово и Битола, возеле под дејство на алкохол

Лишени од слобода возачи во Кичево, Куманово и Битола, возеле под дејство на алкохол

Скопје, 16 август 2025 (МИА) - Тројца возачи се лишени од слобода во Кичево, Куманово и Битола, откако биле затекнати како управуваат моторни возила под дејство на алкохол, информира денеска МВР.

Во Кичево ноќеска околу 02:30 часот, полициски службеници на ОВР Кичево го запреле 26-годишниот Б.Џ. од село Зајас, кој управувал патничко возило „БМВ“. При алкотестирање било утврдено дека возачот имал 2,08 промили алкохол во крвта.

Неколку часа подоцна, околу 04:48 часот во Куманово, полициска патрола го запрела 34-годишниот Б.Н., кој управувал возило „Смарт“ со кумановски регистарски таблици. Кај него биле измерени дури 3,43 промили алкохол.

Синоќа во Битола, околу 19:36 часот на улицата „Македонска фаланга“, полициски службеници го лишиле од слобода 41-годишниот Н.Д. од селото Средно Егри. Тој управувал „Мерцедес“ со 1,68 промили алкохол во крвта.

Против сите тројца, по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“. дма/сст/

Фото: МИА архива

Остани поврзан