• сабота, 06 декември 2025

Лице во инвалидска количка повредено од автобус на улица во Струга

Лице во инвалидска количка повредено од автобус на улица во Струга

Струга, 4 мај 2025 (МИА) - Автобус со охридски регистерски ознаки удрил во лице со инвалидска количка во Струга, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, незгодата се случила вчера околу 11 часот и 25 минути на улицата „Партизанска“ во Струга, а лицето било пренесено во болница каде е задржано на лекување.

 Во Полициската станица Струга е пријавено дека околу 11:25 часот на улицата „Партизанска“ во Струга, автобус марка „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управуван од С.Л.(52) од Охрид удрил во лице со инвалидска количка - С.Ч.(66) од Струга. Во несреќата С.Ч. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид каде што е задржан за натамошно лекување.

Известен бил надлежен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Струга. сс/мд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан