• среда, 03 јули 2024

Лилард: Јас сум најдобриот плејмејкер во НБА

Лилард: Јас сум најдобриот плејмејкер во НБА

Портланд, 20 септември 2023 (МИА) – Кошаркарот на Портланд, Демијан Лилард во едно тв шоу изјави дека е најдобриот плејмејкер во НБА.

 

-Нема никој подобар од мене кога ќе стапнам на теренот. Тоа е мојата најголема сила, останувам верен на себе, изјави Лилард.

 

На прашањето од водителот дали мисли дека Кари е подобар играч од него, Лилард одговори:

„Доколку Стеф играше офанзивно како јас, каде што топката е повеќе во ваши раце, ќе кажев дека тој е покомплетен плејмејкер“.

 

Лилард е седумкратен учесник на НБА „Ол-стар“ натпреварите. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан