• понеделник, 23 декември 2024

Лилард со 60 поени го предводеше Портланд до победа над Јута

Лилард со 60 поени го предводеше Портланд до победа над Јута

Портланд, 26 јануари 2023 (МИА) – Екипата на Портланд утринава ја совлада Јута на домашен терен во натпреварот од регуларниот дел НБА лигата со 134:124.

Играч на мечот беше Демијан Лилард кој постигна 60 поени, со 9 тројки од 15 обиди. Неговиот личен рекорд е 61 поен во сезоната 2019/20.

Во поразениот тим се истакна Финецот Лаури Марканен со 24 коша.

За Портланд ова беше важна победа за задржување на чекорот со екипите кои се борат за влез во плејофот. Тимот сега има биланс 23 победи и 25 порази и е на 12. место во Западната конференција.

Јута е 10-та со скор 25 победи и 26 порази. зс/

Остани поврзан