Лилард не го заврши натпреварот против Мајами поради повреда (видео)
- Предводникот на Портланд, Демијан Лилард, ноќеска не можеше да го заврши натпреварот против Мајами (98:119) поради повреда.
Портланд, 27 октомври 2022 (МИА) - Предводникот на Портланд, Демијан Лилард, ноќеска не можеше да го заврши натпреварот против Мајами (98:119) поради повреда.
Лилард го истегна десниот мускул на потколеницата пет минути пред крајот на третата четвртина и веднаш отиде во соблекувалната.
Блејзерси допрва треба да соопштат детали за повредата или евентуален датум за враќање.
Лилард постигна 30 или повеќе поени во три од првите четири натпревари на Портланд на почетокот на шампионатот. На мечот со Мајами до повредата имаше 22 поени.
Клубот од Орегон го претрпе првиот сезонски пораз и сега има биланс 4-1 (победи-порази). зс/