• сабота, 21 декември 2024

„Лидл“ заинтересиран да отвори маркети на две локации во Штип

„Лидл“ заинтересиран да отвори маркети на две локации во Штип

Штип, 11 ноември 2024 (МИА) - Познатиот германски бренд „Лидл“ во Штип е заинтересиран за отворање на маркети на две локации. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска на новинарско прашање, каде ќе биде лоциран „Лидл“ во Штип, одговори дека оваа компанија е заинтересирана за две локации, едната е спроти поранешното нервно одделение, каде што во моментов и интензивно се доградува и булеварот „Партизанска“, а втората е кај автобуската станица во Штип.

- На потегот кај булеварот „Партизанска“ веќе се работи на земјените работи, а втората локација од она што го добивме како информација од страна на оваа компанија е дека преговараат со сопственикот на објектот на Автобуската станица. Информациите исто така говорат дека Автобуската станица делумно ќе остане овде, нема да се дислоцира. Така да на еден дел на оваа површина најверојатно ќе се постави соодветен објект, каде што ќе биде и вториот маркет на „Лидл“, вели Јорданов.

Тој посочи дека во Штип на повеќе локации има инвестиции и градежни активности од приватни инвеститори, а нивна задача е како локална самоуправа да ги издаваат градежните одобренија и да размислуваат за развој на градот и нови вработувања. вдј/ир/

Фото: МИА

Остани поврзан