• сабота, 17 август 2024

Лига на нации: Германија без Ноер и Горецка поради коронавирусот

Лига на нации: Германија без Ноер и Горецка поради коронавирусот
Минхен, 21 септември 2022 (МИА) - Капитенот и прв голман на германската фудбалска репрезентација Мануел Ноер, како и играчот за врска Леон Горецка, ќе ги пропуштат настапите во Лигата на нации поради позитивен тест на коронавирусот. Германската фудбалска Федерација на својот Твитер профил објави денеска дека двајцата играчи на Баерн Минхен се изолирани од остатокот на екипата и ќе го напуштат хотелот во кој е сместена репрезентацијата. Германија в петок во Лајпциг ќе ја нагости Унгарија, а в понеделник и гостува на Англија, што ќе бидат последните проверки пред настапот на Мундијалот во Катар. Ден пред да и се приклучат на репрезентацијата, Ноер и Горецка со клупските колеги од Баерн го посетиле Октоберфест во Минхен. ег/ми/

Остани поврзан