• четврток, 04 јули 2024

Лига Европа: Салцбург пред елиминација, Јунајтед ремизира кај Бриж

Лига Европа: Салцбург пред елиминација, Јунајтед ремизира кај Бриж
Франкфурт, 20 февруари 2020 (МИА) - Салцбург е пред елимнинација во шеснаесетфиналниот двомеч со Ајнтрахт во Лига Европа. Бундеслигашот од Франкфурт славеше на домашен терен со 4:1 за, многу веројатно, формалниот реванш во Австрија.
Манчестер Јунајтед ремизира (1:1) на гостувањето кај Бриж што, секако, е резултат што и тоа како влева оптимизам кај „црвените ѓаволи“ за опстанок во фудбалска Европа сезонава.
Голема работа уште во првиот меч заврши и Интер чии фудбалери го совладаа Лудогорец во Бугарија со 2:0.
Лига Европа, шеснаесетфинале, први мечеви: Ајнтрахт Франкфурт - Салцбург 4:1, Бриж - Манчестер јунајтед 1:1, Лудогорец - Интер 0:2, Клуж - Севилја 1:1, Хетафе - Ајакс 2:0, Копенхаген - Селтик 1:1, Шахтјор - Бенфика 2:1, Спортинг Лисабон - Истанбул Башакшехир 3:1. сѓд/сд/

Остани поврзан