• петок, 05 декември 2025

Ливерпул ќе ги донира приходите од продажбата на дресовите на Жота во добротворни цели

Ливерпул ќе ги донира приходите од продажбата на дресовите на Жота во добротворни цели

Ливерпул, 8 август 2025 (МИА) – Раководството на Ливерпул има намера да ги донира приходите од продажбата на дресовите за сезоната 2025/26, на кои стои името на починатиот напаѓач на тимот, Диого Жота, во добротворната организација на клубот.

Добротворната организација, пак, планира да започне програма за развој на фудбалот во чест на Жота.

Се забележува дека дресовите со името на починатиот фудбалер се втори најбарани во Ливерпул. 

Најпопуларните дресови се оние со името на играчот од средниот ред Флоријан Вирц, кој се приклучи на тимот во летото.

Смртта на 28-годишниот Жота и неговиот 25-годишен брат Андре Силва беше објавена на 3 јули. Тие загинаа во сообраќајна несреќа во Шпанија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан