• петок, 22 ноември 2024

Ливерпул го совлада Јунајтед за плус 16 во однос на Сити

Ливерпул го совлада Јунајтед за плус 16 во однос на Сити
Ливерпул, 19 јануари 2020 (МИА) – Лидерот во Премиер лигата, тимот на Ливерпул го совлада Манчестер јунајтед со 2:0 во дерби натпревар од 23. коло. Головите ги постигнаа Вирџил ван Дајк и Мохамед Салах. Екипата предводена од Јирген Клоп оваа сезона оствари 21 победа на 22 првенствени натпревари. Црвените загубија бодови само во натпреварот со Манчестер јунајтед во првиот дел од сезоната (1:1). Имаат освоено 64 поени на 22 кола, односно 16 повеќе од актуелниот англиски шампион Манчестер сити, плсу имаат и натпревар помалку. зс/

Остани поврзан