• вторник, 05 ноември 2024

Либан го забрани филмот „Барби“

Либан го забрани филмот „Барби“

Бејрут, 10 август 2023 (МИА) - Либанскиот министер за култура денеска забрани прикажување на филмот „Барби“ во кината во земјата, оценувајќи дека тој промовира хомосексуалност и сексуална трансформација и е против верските вредности.

Министерот Мохамед Мортада е поддржан од моќната шиитска група Хезболах, чиј раководител Саид Хасан Насрала ја засили својата реторика против ЛГБТ-заедницата, тврдејќи дека таа претставува непосредна опасност за Либан.

Насрала побара од властите во Либан да се преземат неопходните мерки за да се спречи прикажувањето на филмот.  си/

Фото: МИА архива.

Остани поврзан