Либанскиот претседател гледа можност за преговори со Израел
- Либанскиот претседател Џозеф Аун денеска предложи Либан да размисли за преговори со Израел, наведувајќи ја променливата регионална клима кон дијалог и компромис во регионот.
Бејрут, 13 октомври 2025 (МИА) - Либанскиот претседател Џозеф Аун денеска предложи Либан да размисли за преговори со Израел, наведувајќи ја променливата регионална клима кон дијалог и компромис во регионот.
Државните медиуми го цитираа Аун како им вели на група економски новинари во посета дека „работите се движат кон преговори за воспоставување мир и стабилност и тие даваат резултати“, додавајќи дека „решенија може да се постигнат преку дијалог и преговори“.
Но, претседателот го повика Израел да се обврзе на запирање на воените операции против Либан за да може да започне процес на преговори, нагласувајќи дека „овој процес што го гледаме во регионот не смее да се оспорува“.
-Не можеме да бидеме надвор од сегашниот пат во регионот, кој е патот на решавање на кризата, рече тој. „Повеќе не можеме да толерираме војна, уништување, убивање и раселување“, нагласи тој..
Аун потсети дека Либан претходно индиректно преговарал со Израел под покровителство на САД и ОН во 2022 година, што резултираше со договорот за демаркација на морската граница објавен од седиштето на УНИФИЛ во Накура.
-Што спречува истото да се случи повторно за да се најдат решенија за отворените прашања?, праша тој, додавајќи дека дури и Израел „прибегнал кон преговори со Хамас откако сфатил дека војната и уништувањето не донеле резултати“.
Либан и Израел технички се во воена состојба. мс/
фото: ЕПА архива