• понеделник, 23 декември 2024

Ле Дриан: Најостро ги осудувам дејствијата на руските сили во Буча

Ле Дриан: Најостро ги осудувам дејствијата на руските сили во Буча

Париз, 3 април 2022 (МИА) - Францускиот министер за надворешни работи Жан - Ив Ле Дриан ги осуди дејствијата извршени од руската армија врз цивилите во неколку украински градови, особено во Буча, и повика „одговорните да бидат судени и осудени“, јави дописникот на МИА од Париз.

„Читав извештаи за масовни злосторства извршени од руските сили во украинските градови што ги окупираа во последните недели, особено во месноста Буча. Најостро ги осудувам таквите дела кои претставуваат, доколку бидат потврдени, воени злосторства“, вели министерот Жан Ив Ле Дриан во соопштение.

„Ќе работиме заедно со нашите партнери, украинските власти и надлежните меѓународни судови, особено Меѓународниот кривичен суд, за да се осигураме дека овие дела нема да останат неказнети и дека одговорните ќе бидат судени и казнети“, додава тој. тг/паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан