Лејкерси може да го раскинат договорот со Леброн по сезоната 2025/26
- НБА ѕвездата и член на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, може да го напушти тимот по сезоната 2025/26.
Лос Анџелес, 27 јули 2025 (МИА) – НБА ѕвездата и член на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, може да го напушти тимот по сезоната 2025/26.
Според инсајдерот во најсилната светска кошаркарска лига Марк Штајн, иницијативата за раскинување на договорот со 40-годишниот Американец ќе дојде од клубот.
Во сезоната 2024/25, Џејмс одигра 70 натпревари во НБА, со просек од 24,4 поени, 8,2 асистенции и 7,8 скока по натпревар.
Лебрн Џејмс игра за Лејкерси од 2018 година. зс/
Фото: ЕПА