• четврток, 19 септември 2024

Лефков: СДС и ДУИ пред заминување ги зголемија нотарските тарифи, владата на ВМРО-ДПМНЕ ги намали

Лефков: СДС и ДУИ пред заминување ги зголемија нотарските тарифи, владата на ВМРО-ДПМНЕ ги намали

14 август 2024

СДС и ДУИ пред заминување ги зголемија нотарските тарифи, владата на ВМРО-ДПМНЕ ги намали.

СДС и ДУИ на само две недели пред заминување од власт донесоа Ослука на влада за зголемување на нотарските тарифи.

Зголемената тарифа беше вистински удар врз џебот на граѓаните и несразмерна давачка која го оптеретува функционирањето на граѓаните и правниот промет.

Наместо за зголемени нотарски услуги повеќе пари ќе останат за граѓаните и нивните секојдневни животни потреби.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ спроведува политики кои се за доброто на граѓаните и во нивен интерес. Ја враќаме државата на народот.

Лефков: Ќе одговараат сите кои сториле казнени дела, прибегнувањето на ДУИ кон насилни методи и закани со дестабилизација нема да не поколеба

Одговорност ќе има и се работи на сите случаи. И јавноста знае за точките на корупција од 14 милиони евра долг отпишани од МЕПСО на синот на Муса Џафери и ним блиски фирми, преку внуците на Ахмети и купувањето на Соравија, криминалот со Лотарија и нелегалните коцкарници, до секој еден криминал, рече Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавите дека ќе има одговорност за сите за кои ќе се докаже дека сториле казнени дела.

Лефков јасно укажа дека „прибегнувањето на ДУИ кон насилни методи и заканите со дестабилизација нема да не поколебаат“.

Според Лефков не може да се остават оние за кои сториле криминал без разлика на припадност.

„Доста ги злоупотребуваа и Албанците и Македонците. Додека тие 7 години се богатат и трупаат милиони еднакво се иселуваат и од Тетово и Дебар и од Штип и Кочани. Тоа веќе нема да го дозволиме наместо народот да се иселува, треба да почнат тие да одговараат за криминалот“, кажа Лефков.

Линк од видео материјал   

https://we.tl/t-zY5fXlVX8Q

https://www.youtube.com/watch?v=_GjfKtVAuw8

 

Прес-конференција на Миле Лефков, пратеник, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан