• недела, 07 јули 2024

Ленард ќе го пропушти натпреварот со Голден Стејт

Ленард ќе го пропушти натпреварот со Голден Стејт

Лос Анџелес, 14 февруари 2024 (МИА) – Еден од најдобрите кошаркари на Лос Анџелес клиперс, Каваи Ленард има истегнат лев бутен мускул. Поради повредата, тој ќе го пропушти натпреварот против Голде Стејт вориорс.

Постои можност Ленард да го пропушти и претстојниот НБА Ол-стар натпревар.

Откако одигра само 52 натпревари минатата сезона, 32-годишниот кошаркар пропушти само четири од натпреварите на Клиперс во регуларниот дел од тековната сезоната. 

Ленард просечно постигнува 24,1 поен, 6,2 скока и 3,7 асистенции за 34,3 минути игра.

Натпреварот Голден Стејт вориорс – Лос Анџелес клиперс ќе се игра ноќта среда кон четврток (почеток 4 часот). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан