• сабота, 05 октомври 2024

Леклер: Ќе го напуштам Ферари ако престанам да верувам во проектот, сега верувам повеќе од кога било

Леклер: Ќе го напуштам Ферари ако престанам да верувам во проектот, сега верувам повеќе од кога било

Маранело, 2 октомври 2023 (МИА) – Возачот во Формула 1, Шарл Леклер откри во кој случај би го напуштил тимот на Ферари. Тој во болидот на Скудерија е од 2019 година.

 

- Гледам на ситуацијата на следниов начин: ако престанам да верувам во проектот, тогаш, можеби, во тој момент ќе заминам. Во овој случај, не можете да го извлечете најдоброто од себе и да му помогнете на тимот колку што е потребно. Но, се разбира, сега не е така. Верувам во проектот како што никогаш порано не сум верувал. Особено откако пристигна Фред [Васер]. Тоа е очигледно. Исто толку е очигледно дека сакам да победам. Убеден сум дека работиме во вистинската насока, изјави Леклер.

 

Ферари се обидува да стане конкурентен на Ред Бул и останатите ривали за врвот во шампионатот. За таа цел на крајот на минатата година е донесен новиот директор Фред Васер кој на функцијата го наследи Матија Биното.

 

Во Ферари тимски колега во Формула 1 шампионатот на Лекелр е Карлос Сајнц. На шест трки пред крајот на сезоната Сајнц е на 5.место со 150 бодови, Леклер е 6-ти со 135 бода. зс/

 

Фото: ЕПА

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан