• петок, 11 октомври 2024

Леклер: На почетокот на сезоната сите мислевме дека Ред Бул повторно ќе има лесна прошетка до трофејот

Леклер: На почетокот на сезоната сите мислевме дека Ред Бул повторно ќе има лесна прошетка до трофејот

Лондон, 10 октомври 2024 (МИА) – Возачот на Ферари Шарл Леклер зборуваше за нивото на конкуренција во Формула 1. Тој призна дека по неуспешниот период на средината на сезоната, тимот не очекувал да продолжи да се бори за највисоките места.

- Да бидам искрен, пред две или три трки не очекувавме таков развој на настаните. За нас беше големо изненадување што Мекларен успеа да направи таков чекор напред. Воедно, на почетокот на сезоната, по првите две-три трки, мислам дека сите мислевме дека Ред Бул повторно ќе има лесна прошетка до успехот и победата во шампионатот, исто како и минатата година. 
Нашиот болид секогаш го користевме максимално во однос на резултатите, што му помогна на Ферари да не изгуби толку многу поени во однос на своите конкуренти. Затоа, треба да продолжиме да го правиме она што го правиме, изјави Леклер.

Во моментов, Ферари ги задржува шансите за успех во шампионатот на конструктори - разликата од водечкиот Мекларен е 75 поени. зс/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан