• понеделник, 23 декември 2024

Левичарите во Франција го обвинија Макрон за обид за бришење на изборните резултати

Левичарите во Франција го обвинија Макрон за обид за бришење на изборните резултати

Париз, 10 јули 2024 (МИА) - Победниците на изборите од француската левичарска коалиција Нов народен фронт (НФП) се огласија откако Емануел Макрон одби да го смени актуелниот премиер на Франција, Габриел Атал.

Во соопштението што го потпишуваат четири партии од коалицијата, тие го обвинуваат Макрон за „обид за киднапирање на институциите“ и бараат мандат за формирање нова влада.

„Долготрајното задржување на Габриел Атал на чело на владата може да звучи како обид за бришење на изборните резултати. Ако тоа е начин да не се предложи личност од Новиот народен фронт за премиер, тоа е било демократски неприфатливо“, се наведува во соопштението.

Левичарските партии од неделата преговараат за номинирање свој кандидат за премиер.

Атал во понеделник му понуди оставка на Макрон, но претседателот го замолил да „остане на функцијата за да обезбеди стабилност на земјата“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан