• недела, 07 јули 2024

Левица: Средбата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ поминала со успешно пазарење кое се одрази со поддршка на Законот за реорганизација на државната управа

Левица: Средбата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ поминала со успешно пазарење кое се одрази со поддршка на Законот за реорганизација на државната управа

Скопје, 8 јуни 2024 

ДПМНЕ молкум ја одби условната поддршка на Левица за реорганизација на министерствата и обезбедување на дво-третинско мнозинство со воведување на една изборна единица и реши да седне на маса со нивниот стар коалиционен партнер ДУИ. 
 
Вчера остварената средба помеѓу ДПМНЕ и ДУИ очевидно поминала со успешно пазарење коешто се одрази со потполна поддршка на измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа од страна на Европскиот фронт.
 
Пратениците од Левица гласаа против измените на ЗОРОДУ откако претходно аргументираа за апсурдноста на Законот и незапазувањето на процедурата, како и после одбивањето на предлогот за реализација на една од програмските заложби и на ДПМНЕ – ветувањето за една изборна единица.
 
И покрај основаните сомнежи и издржани критики коишто беа истакнати од страна на пратениците на Левица, ниту еден пратеник од мнозинството, ниту пак предлагачот Мицкоски не се осмели да ја брани предложената реорганизација на министерствата.
 
После предлогот и изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието на Република Македонија, се случи уште едно газење на предизборните ветувања и примарната предизборна реторика на ДПМНЕ за борба против ДУИ. Старите партнери повторно ја обелоденија Широката Коалиција во која, за разлика од претходно, ЗНАМ се јавува како посебен политички субјект.

Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан