• недела, 07 јули 2024

Левица со апел до земјоделците да пријават неправилности

Левица со апел до земјоделците да пријават неправилности

Скопје, 27 мај 2024 

Почитувани земјоделци,
 Деновиве сме сведоци на многу варијации и манипулации со откупните цени на нашите земјоделски производи: младиот компир, кромидот, зелката, доматите, а во скоро време ќе почне бербата и на останатите производи како: бостанот, дињите, житото итн.
 
Сакаме да ве информираме дека согласно Законот за земјоделство и рурален развој, член 31, откуп на земјоделски производи може да врши само регистриран откупувач кој мора да поседува баждарена вага. Исто така,  многу важно, откупните цени за секој производ и класа мора да бидат истакнати на видно место на откупниот пункт и истите можат да се менуваат неделно.
 
До нас стигнаа голем број на поплаки поради откуп на земјоделски производи без кантарни белешки или, пак, без цена на нив. Сите вакви манипулации на откуп на производи без пишана цена на кантарната белешка земјоделците да ги пријавуваат во Левица, па откупувачите кои не работат согласно закон ќе бидат пријавени кај надлежните институции.

Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан