• понеделник, 23 декември 2024

Левица: Силјановска ја погази својата професија и помилува членови на наркокартели

Левица: Силјановска ја погази својата професија и помилува членови на наркокартели

Скопје, 23 октомври 2024

Скандалозната одлука на претседателката Силјановска да помилува криминалци кои се дел од познати нарко групи покажува дека и новата власт има „долгови" кон криминалното подземје. Токму Силјановска во предизборието го обвинуваше Пендаровски дека помилувал член на кланот Барон, за вчера да одекне веста дека претседателката помилува уште еден криминалец од оваа група која го тероризира Скопје.

Првиот филтер на листата на помилување го прави Комисијата за помилувања на Претседателот на Републиката, додека свое мислење дава и Министерството за правда, предводено од министерот ФИЛКОВ од ЗНАМ. Ова укажува дека влезот на ЗНАМ во власта не е мотивиран од никакви државотворни цели, туку од најниски криминигонени и клиентелистички побуди.

Помилуваниот Аќиф Равманоски, припадник на кланот „Барон“,  како осуденик е осомничен за пукањето во Чаир пред само осум дена со припадник на друга мафијашка група. Силјановска му простува и на Шенол Маслани, кој пред 5 години беше уапсен во спектакуларна акција на МВР во која се споменуваа дрога, луксузни автомобили, напад врз полицаец и оружје. Маслани е брат на контроверзниот арачиновец Шенки „Версаче“ и братучед на нарко босот Беланоца. Освен овие криминалци, Силјановска ги помилуваше корумпираниот поранешен градоначалник на Битола, Владимир Талевски и Марјан Ефромов, првообвинет во аферата „Шпион“.

За помилувањата за Денот на ВМРО целосно се изоставени уставобранителите, кои во предизборието беа злоупотребени за политички поени, а после изборите се игнорирани и заборавени. Потсетуваме дека Мицкоски на изборите настапи со главно ветување дека ќе го „ослободи" Скопје од групите кои го тероризираат. Како и другите ветувања кои ДПМНЕ ги погази, наркокартелите ќе продолжат да го тероризираат Скопје, со амин на Силјановска и Мицкоски.

ПП Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан