• четврток, 26 декември 2024

Левица: Мисијата на Светите Кирил и Методиј нема само просветителска, туку и политичко-културолошка, општествено-дипломатска кауза

Левица: Мисијата на Светите Кирил и Методиј нема само просветителска, туку и политичко-културолошка, општествено-дипломатска кауза

Скопје, 24 мај 2024

Значајни за Македонија, но и за останатите словенски народи, Кирил и Методиј, основоположниците на словенската писменост имале единствена мисија: да создадат писмо за својот јазик, да шират просвета, „за слепи да прогледаат и глуви да чујат“. 
 
Беа на страната на послабите и обесправените, во одбрана на оние кои немаа писмо и книги на свој јазик, создавајќи им слово, преведувајќи книги од грчки на словенски. 
 
Се бореа со мудра мисла и со моќта на ЗБОРОТ. Правично, правдоборно и со факти. 
 
Користејќи го говорот на македонските Словени од околината на Солун, Кирил ја создава првата словенска азбука - глаголицата.
 
Нивната мисија нема само просветителска кауза, туку и политичко-културолошка, општествено-дипломатска, а меѓу другото, и во смисла на декомпонирање на јазично-теолошкиот систем на тогашното германско свештенство.
 
Солунските браќа се бореа и против тријазичноста: 
 
„Не врне ли дожд од Бога еднакво за сите? А сонцето не грее ли исто така еднакво за сите? Зарем не дишеме воздух сите еднакво? Па тогаш, како не се срамите да признаете само три јазика, а за сите други народи сакате да бидат слепи и глуви?“
 
Кирил Филозоф своевремено ги бранеше јазикот и писмото пред многу векови. Денешните наши тенденции се да ги поттикнуваме граѓаните на критичко мислење, а особено младите. Кирил Филозоф нека биде пример пред сите нив и пред сите нас за одбрана, конструктивност и правдоборност! 
 
Кирил и Методиј создадоа азбука, преведуваа, просветуваа. Проблемот го решија трајно, но оставија АМАНЕТ. 
 
АМАНЕТ за да си ги браниме јазикот, азбуката и просветата од сите внатрешни и надворешни напади! 
 
Денес напади има повеќе од било кога! Но денес имаме и АРГУМЕНТИ за одбрана повеќе од било кога! 
 
Да се продолжи достојно влогот на Кирил и Методиј! 

Честит празник на сесловенските просветители!

Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан