• вторник, 24 декември 2024

Левица за дивоградбата на „Пластичарска“

Левица за  дивоградбата на „Пластичарска“
Скопје, 7 април 2023 
Градоначалникот на Центар - Горан Герасимовски иако вчера на својот фејзбук профил објави дека поднел иницијатива да ги национализира дивоградбите во Општина Центар, очигледно заборави да ја информира јавноста дека ја предаде надлежноста за ,,рак раната" на Центар - дивоградбата на ,,Пластичарска".Имено, вечерта на 23ти март, службите на Општина Центар организираа акција за рушење на дивоградбата на Пластичарска со интервенција на специјалните единици при МВР. Истата на сред дејствие беше прекината под притисок на Државниот Инспекторат за градежништво и урбанизам под раководство на директорот Фатмир Арифи, кој воедно без објаснување го одзеде предметот од Општина Центар и ги презеде ингеренциите. Центарскиот татко како и останатите функционери на СДС, како и до сега, традиционално ја наведна главата пред кадрите на ДУИ и ги замајува Центарци со благоглаголиви иницијативи.Дивоградбата на Пластичарска и покрај издаденото решение за рушење уште од 2017та година, сеуште гордо стои на државни парцели во Општина Центар и само си ја зголемува катноста, додека центарските власти креваат раменици дека наводно не знаат кој и како гради, под изговор дека ништо не можат да направат иако во рака го имаат решението и одлуката на советот за рушење на истата.Го повикуваме Градоначалникот да ја оспори бесправната одлука на државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и да ги преземе ингеренциите во свои раце како што доликува на една оштина како што е Оштина Центар и да не потклекнува на притисоци и криминални дејствија!Советничката група на Левица по однос на ова прашање во соработка со правниот сектор на Левица ќе изготви соодветни поднесоци за Општина Центар и нема да дозволи крадење и бесправно приватизирање на државно земјиште во Центар!
Политичка партија Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан