• понеделник, 23 декември 2024

Левица: Владата на ДПМНЕ, да не дели директорски функции на кадрите од СДС којашто сама ги нарекуваше криминални

Левица: Владата на ДПМНЕ, да не дели директорски функции на кадрите од СДС којашто сама ги нарекуваше криминални

Скопје, 29 јули 2024
 
На една од минатите седници на Владата, за вд директор на КПД Прилеп беше назначен Емил ЈАНЕСКИ, поранешен функционер на СДС, а сегашен член на ЗНАМ - кој во 2008 година бил АБОЛИЦИРАН од страна на тогашниот претседател на државата Бранко Црвенковски.
 
Како што претходно информиравме, тој во 2020 година беше директор на ЈКП „Водовод и канализација“ - Прилеп и против него СВР Битола поднесе КРИВИЧНА пријава за „несовесно работење во службата“ и предизвикување штета врз буџетот од препријатието во висина од 2.3 милиони денари.
 
ЗНАМ го карактеризираа како човек без дамка во минатото, кој токму како началник во 2007 година насилнички демолираше локал и за овој чин насилникот-повтореник беше осуден, за после година дена, покрај негативното мислење од Министерството за правда, тој да биде аболициран од страна на Бранко Црвенковски.
 
Левица повторно јавно ја повикува Владата на ДПМНЕ, да не дели директорски функции на кадрите од СДС којашто сама ги нарекуваше криминални - да ги достави документите за нивното криминално работење до Обвинителството и овозможи фер и транспарентна постапка да се докаже дали и за колку е оштетен народниот буџет.
 
Јасно е дека криминалците на СДС ги наполнија редовите на ЗНАМ, да преку нивното учество во Владата бидат и ослободени од понатамошно процесирање на нивното сомнително минато.

ПП Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан