• четврток, 27 јуни 2024

Леброн Џејмс го претрпе најголемиот пораз во кариерата

Леброн Џејмс го претрпе најголемиот пораз во кариерата

Филаделфија, 28 ноември 2023 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс го доживеа највисокиот пораз во кариерата.

Клубот од Лос Анџелес ноќеска на гостувањето кај Филаделфија загуби со 138:94 во натпреварот од регуларниот дел од сезоната во НБА. Овие -44 се полоши од претходниот најлош резултат на Џејмс, а тоа беше поразот од Индијана -42 во 2019 година.

Лејкерси го загубија седмиот последователен натпревар од Филаделфија.

Центарот на Сиксерс, Џоел Ембид имаше трипл-дабл со 30 поени, 11 скока и 11 асистенции. Џејмс мечот го заврши со 18 поени и 5 асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан