ЛДП: Нападот врз полициски службеник е напад врз државата
- СООПШТЕНИЕ - Најостро го осудуваме насилството како појава во општеството бидејќи ги загрозува основните човекови права, особено е загрижувачки кога се случува меѓу полициски службеници, бидејќи нападот врз полицаец е сериозен напад врз државата, се вели во реакцијата на Либерално демократската партија.
Скопје, 18 февруари 2024
Најостро го осудуваме насилството како појава во општеството бидејќи ги загрозува основните човекови права, особено е загрижувачки кога се случува меѓу полициски службеници, бидејќи нападот врз полицаец е сериозен напад врз државата, се вели во реакцијата на Либерално демократската партија.
- Во однос на инцидентот што се случи изутринава пред угостителски објект на територија на СВР Скопје, а во кој биле инволвирани полициски службеници меѓу кои и припадник на МВР кој е дел од обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потребно е институциите веднаш да постапат и да го расветлат случајот, како во рамки на Минисерството за внатрешни работи, така и Обвинителството да го истражи целиот случај бидејќи сите сме еднакви пред законот и никој не смее да помине неказнето, велат од партијата.
Од ЛДП додаваат дека е потребно органите, без задршка да ги преземат сите потребни мерки за расветлување на настанот и најостро да казнат секaков вид на насилство, постапувајќи во согласност со законот.
Либерално демократска партија
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.